Просечната нето исплатена плата по вработен во јуни во Македонија изнесувала 21 119 денари, објави денеска Државниот завод за статистика.едонија не примиле плата.
Ова во споредба со истиот период лани претставува зголемување од 3,4 отсто, додека во споредба со претходниот месец, нето платата се покачила за 165 денари.
Најголемо зголемување на годишно ниво на просечната плата има во секторите, Информации и комуникации (50,5 отсто), Други услужни дејности (26,3 отсто) и Уметност, забава и рекреација (7,5 отсто).
На месечно ниво, најголем пораст на платите имале вработените во секторите Информации и комуникации (24,3 отсто) и Административни и помошни услужни дејности (2,6 отсто).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јуни 2011 изнесува 30.990 денари. Во овој месец 2,5 отсто од вработените во Македонија не примиле плата.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com