Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2014, изнесува 22.407 денари, што е за 4,2 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (16,9 отсто), Градежништво (11,5 отсто) и Преработувачка индустрија (8,8 отсто).
На месечно ниво просечната плата е зголемена за 819 денари, што се должи на растот на платите во секторите: Стручни, научни и технички дејности (19,8 отсто), Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (11,1 отсто) и Други услужни дејности (9,7 отсто).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во декември 2014 изнесува 32 741 денари, а 1,2 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.
OhridNews