Просечната исплатена месечна нето–плата по вработен во Македонија во април годинава изнесувала 14.291 денар и, во однос на претходниот месец, номинално е поголема за 1,6 отсто, а реално за 1,2 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Просечната исплатена месечна бруто–плата по вработен во април изнесува 23.632 денари, што во однос на март претставува номинално зголемување за 1,3 отсто, а реално за 0,9 отсто.
Просечната исплатена бруто-плата во април 2007 година, во однос на истиот месец лани, номинално е поголема за 5,1 отсто, а реално за 4,0 отсто.
Во април годинава 12,8 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.