Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2019 година, во однос на април 2018 година, изнесува 103.5.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (9.4 %), Транспорт и складирање (8.5 %) и Административни и помошни услужни дејности (6.8 %)

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (6.0 %), Рударство и вадење на камен (5.6 %) и Транспорт и складирање (4.2 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2019 година, изнесува 24 785 денари.

OhridNews