Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето плата во јули годинава изнесува 20.813 денари и е за 2,5 отсто повисока до јули 2010 година.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јули 2011 изнесува 30.528 денари и претставува 2,4 отсто повисока од бруто-платата исплатена во јули 2010 година.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен има во секторите: Други услужни дејности (41.4%), Транспорт и складирање (13.0%) и Стручни, научни и технички дејности (12.4%). Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Информации и комуникации (31.1%), Рударство и вадење на камен (4.8%) и Административни и помошни услужни дејности (4.7%).

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен има во секторите: Други услужни дејности (38.1%), Дејности во врска со недвижен имот (13.7%) и Транспорт и складирање (11.8%). Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Информации и комуникации (29.4%), Административни и помошни услужни дејности (5.1%) и Рударство и вадење на камен (5.1%).

Во јули 2011 година, 2,2 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.

OhridNews