Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври 2010 изнесува 20 584 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нетоплата по вработен, во октомври 2010 година, во однос на октомври 2009 година, изнесува 102.3.

Ваквото зголемување се должи, пред се, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила, мотоцикли и предмети за лична употреба и за домаќинствата (5.9%), Образование (5.4%) и Снабдување со електрична енергија, гас и вода (5.4%).

Најголем пораст на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележан во секторите: Хотели и ресторани (2.9%), Сообраќај, складирање и врски (1.6%) и Образование (1.1%).

OhridNews