Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2024 година, во однос на ноември 2023 година, изнесува 109.5
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2024 година, изнесува 41 999 денари.
Зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите Уметност, забава и рекреација каде се бележи зголемување за 15,3 проценти, кај Транспортот и складирањето за 12,7 проценти и кај Преработувачката индустрија за 11, 2 проценти.
Намалување на просечната нето-плата е забележано во секторите Рударство и вадење на камен, Дејности во врска со недвижен имот и Земјоделство, шумарство и рибарство.
Просечната бруто-плата во ноември изнесувала 63 154 денари.
OhridNews