Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март 2011 изнесува 20. 585 денари, што е за 1,2 отсто повеќе во споредба со истиот месец минатата година.

Зголемувањето се должи, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Други услужни дејности (19,8 отсто), Уметност, забава и рекреација (7,9 отсто) и Информации и комуникации (5,6 отсто).

Најголем пораст на просечната нето-плата на месечно ниво  има во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (7,3 отсто), Градежништво (4,2 отсто) и Земјоделство, шумарство и рибарство (4,2 отсто).

Во март 2011 година, 1,9%  отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.

OhridNews