Просечната исплатена нето-плата по вработен во април годинава во однос на истиот месец лани е поголема за 1,4 отсто, а бруто-платата бележи намалување за 0,2 отсто. Исплатената нето-плата по вработен во април изнесува 20.449 денари, додека бруто платата во април годинава изнесувала 30.081 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето на нето платата е резултат, пред се, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите Образование за 10 отсто, Рибарство за 9,9 отсто и Преработувачка индустрија за 6,5 отсто.

Најголем пораст на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележан во секторите Рибарство за 11,5 отсто, Активности во врска со недвижен имот, изнајмување и деловни активности за 5,7 отсто и Градежништво за 3,2 отсто.
Во април 2010 година, 3,6 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.

OhridNews