Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето на исплатената нето плата се должи, пред се, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето -плата по вработен во секторите финансиски дејности и дејности на осигурување за 24,7 отсто, други услужни дејности за 17,8 отсто и образование за 6,2 отсто.
Најголем пораст на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележан во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (18.4%), Уметност, забава и рекреација (7.4%) и Транспорт и складирање (4.2%).