Просечната нето плата по вработен во февруари изнесува 20.433 денари, што претставува зголемување од еден отсто во однос на истиот месец 2010 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Зголемувањето од еден отсто се должи на растот на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите Други услужни дејности за 19,3 отсто, рударство и вадење на камен за 16,2 отсто и уметност, забава и рекреација за 9,1 отсто.

Намалување на просечната нето плата во однос на претходниот месец, е забележано во секторите финансиски дејности и дејности на осигурување 16,5 отсто, снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 8,6 отсто и транспорт и складирање за 4,9 отсто.

ДЗС пресметал дека просечната бруто плата во февруари изнесува 30.032 денари, што е зголемување за 0,9 отсто во однос на истиот месец мината година.

Ohridnews
извор: Makfaks