Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Други услужни дејности (26.8%), Градежништво (7.8%) и Информации и комуникации (6.6%).
Најголем пораст на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележан во секторите: Информации и комуникации (12.8%), Преработувачка индустрија (4.8%) и Градежништво (4.6%).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај 2011 изнесува 20 954 денари.
Во мај 2011 година, 2.0% од вработените во Република Македонија не примиле плата.