Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2015 година, во однос на април 2014 година, изнесува 102.7.

Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен, Уметност, забава и рекреација, и Други услужни дејности.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2015, изнесува 21 746 денари.

Во април 2015 година, 1.5% од вработените во Република Македонија не примиле плата.

OhridNews