Четиричлено семејство во април, мај и во јуни годинава имало можност со просечната нето-плата да ја покрие вредноста на потрошувачката кошница за исхрана и пијалаци, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Најголем остаток од нето-платата по покривањето на кошницата од 40,5 отсто е забележан во мај. Просечната нето-плата по работник за тој месец изнесувала 20.798 денари. Со вкупните трошоци за исхрана и пијалаци од 12.378 денари за задоволување на останатите потреби остануваат 8.420 денари, односно 40,5 отсто. Просечната нето-плата по работник за јуни изнесувала 20.424 денари. Вкупните трошоци за исхрана и пијалаци изнесуваа 12.170 денари и беа пониски од просечната нето-плата за 8.254 денари, односно 40,4 отсто.

Ohridnews