Следствено на ваквиот режим на сообраќај, жителите од стариот дел на градот се должни да ја обноват важноста на сообраќајните пропусници за непречено преминување на наплатните паркинг-рампи. Обновувањето на важноста на пропусниците за оваа летна сезона се врши во контролната куќичка за наплатни паркинг-простори што е лоцирана на почетокот на ул „Македонски просветители“ кај поранешната дирекција на фестивалот „Охридско лето“.
Граќаните кои не поседуваат вакви сообраќајни пропусници за стариот дел на градот, истите можат да ги добијат во Одделението за сообраќај на локалната самоуправа. При барањето за добивање вакви пропусници потребно е покрај личната карта да се достави и копие од сообраќајната дозвола.