Несудени кратци на банка во Виена прописно се посрамотиле бидејќи се обиделе да ја ограбат банката точно во времето кога е затворена поради пауза за ручек.
Двајца вооружени мажи стигнале пред банката во Виенската четврт Мидлинг и притоа наишле на затворени врати.
Влегле во предворјето, но не можеле понатака поради тоа што персоналот, како и обично во тоа време, имал пауза за ручек, соопштила виенската полиција.
Кратците, меѓутоа, не се откажувале, туку низ стаклената врата се обиделе да ги предупредат вработените за својата намера, „Грабеж, дајте ги парите!“, довикувале однадвор.
Една од вработените која се наоѓала во близина, се разбира, не ја отворила вратата, туку повикала полиција. Несреќните крадци потоа побегнале.
Во предворјето на банката во тоа време освен нив немало никого, па ниту во еден момент не постоела опасност ниту нешто да ограбат, ниту некого да повредат.