Легендарниот Драган Стојковиќ-Пикси нема да се врати во фудбалот во родната земја, откако ја одби понудата за селекторската позиција во српската фудбалска репрезентација.

Непромостива пречка помеѓу Пикси и претставниците од Српската фудбалска федерација била големата плата. Најверојатно, Пикси во претстојната сезона ќе добие раскин на договорот од страна на кинескиот клуб Гвангжу и ќе заработи 6 милиони евра, сума која била превисока да ја плати српската куќа на фудбалот.

После пропаднатите преговори со Пикси, Србија ќе мора да се насочи кон друг избор, што сигурно нема да биде лесен. Покрај Пикси, претставниците на српскиот фудбал преговарале и со Владимир Ивиќ.

OhridNews