Патот Струга – Дебар кај месноста Луково повторно е прооден, а сообраќајот се одвива нормално по двете коловозни ленти.

Како што соопшти Министерството за транспорт и врски, со итна интервенција, екипите на ЈП „Македонија пат“ го расчистија патот кој беше поплавен во должина од 150 метри и висина од 60 см. Додека траеше интервенцијата на патниот правец, сообраќајната полиција возилата ги пренасочуваше по алтернативен пат, а тешките товатни возила се пропуштаа по една коловозна лента.
 
Екипите на ЈП „Македонија пат“ и понатаму се на терен, а состојбата ја следи и Координативното тело за превенција од природните непогоди кое е составено од претставници на релевантните институции, информираат од Министерството за транспорт и врски.

Ohridnews