Вчера полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид врз основа на судска наредба извршија претрес во домот на 39 годишно лице од Охрид.
Притоа, пронајдени и одземени се две опаковки со бела прашкаста материја, како и повеќе предмети со траги од бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
OhridNews