Еден од чуварите кои се грижат за терените за голф во Мичиген средувајќи ја тревата пронашол заб од мамут стар десет илјади години. Патрик Вокер го пронашол забот тежок четири и пол килограми додека ја уредувал тревата во голф клубот Morrison Lake Country.
Тоа е нешто што никој не го очекувал бидејќи тревата секогаш се проверувала.Тој веднаш сватил дека станува збор за заб бидејќи неодамна матурирал биологија. Еден научник од музејот за палеонтологија при универзитетот во Мичиген потврдил дека се работи за заб од мамут. Го испитале местото каде што бил пронајден и пронашле уште некои коски.