Џино Ковачи пронашол големо сино око додека шетал на Помпано плажата на Флорида, јавиле медиумите. ковачи на новинарите им рекол дека сеуште било крваво кога го пронашол. Рекол дека било свежо и сеуште крвавело кога го ставал во вреќичката.

Окото го предал на полицијата која го проследила до Институтот за океанографија и рибарство. Фотографија од големото око била ставена и на фејсбук, чии корисници нагаѓаат дека му припаѓа на џиновска лигња. Сепак, како би биле сигурни, експертите од институтот ќе го испратат на колегите од Санкт Петерсбург на понатамошни испитувања.