Едно десетгодишно момче останало зачудено кога пребарувајќи го таванот на својата баба пронашло вистинска мумија. Александер Кетлер од Дифолк, во германската сојузна држава Долна Саксонија, открил чуден ковчег, сокриен во еден агол од таванот на бабата. Заинтригирано, момчето ја отворило кутијата во која бил саркофагот со мумијата, посмртна маска и ваза во која египќаните ги ставале внатрешните органи на починатиот.
Како би дознал дали станува збор за древен египетски реликт или обична копија, таткото на момчето Луц Волфланг Кетлер одлучил да ја однесе на анализа кај експертите во Берлин. Тој рекол дека би можела да биде вистинска бидејќи неговиот татко кон средината на минатиот век патувал во Африка, а во тоа време мумиите можеле да се купат и однесат од Египет како сувенири.