Еден човек кој сакал да ја реновира својата бања бил многу изненаден кога работниците во еден од ѕидовите нашле мумифицирана мачка стара 400 години. Ричард Парсон бил вчудоневиден кога во еден од ѕидовите на првиот кат бил пронајден добро сочуван леш на животно за кое се верува дека носи среќа. Таа изгледала многу поголема од обичните домашни мачки.
Се верува дека луѓето порано ставале мачки во ѕидовите за да ги чуваат од зли духови, вештерки или несреќи. Исто така постои можност и мачката сама да се заглавила во ѕидот. Наводно во еден од другите ѕидови била скриена и детска чизма, за која исто се верува дека носи среќа, бидејќи куќата порано му припаѓала на некој чевлар.