Британецот Дејв Крисп пронашол ќуп со вистинско богатсво. Со помош на детектор за метал, овој археолог пронашол ќуп со околу 52 илјади римски монети во југот на Англија. Според изјавите на археолозите станува збор за најголемо откритие од ваков вид во цела Велика Британија. Ќупот се наоѓал на длабочина од само 30 сантиметри под земјата.


Тој ги известил официјалните лица за пронаоѓањето, а тие му помогнале во ископувањето. Ќупот бил до врв исполнет со монети чија тежина изнесувала 160 килограми. Монетите потекнувале од третиот век од новата ера.