Зденек Филип Ходоушек од Калифорнија го тужел американскиот ланец ресторани “Claim Jumper” откако минатата година на ручек со семејството во француска супа наместо сирење пронашол кондом.
Човекот на врховниот суд тврдел дека го загризал кондомот, но од ресторанот изјавиле дека не пронашле никаков доказ за постоењето на предметот во супата. Сепак со Ходоушек се договориле во средата, но не се знае колкав износ добил за претрпената душевна болка.