Еден пензионер од Сардинија пронашол на улица ливче за лото со добитна комбинација и го вратил на сопственикот, 26-годишен работник кој сега ќе може да ја подигне добивката од скоро 15 илјади евра. Чесниот пензионер изјавил дека не бил негов и едноставно морал да го врати.


Пензионерот од едно гратче близу Каљари рекол дека тоа е четврти пат да наоѓа загубени паричници. Во еден случај нашол паричник со 2500 евра и исто така го вратил на сопственикот.