Еден анонимен пронаоѓач на актовка, во која имало 78 илјади долари во кеш, ставил оглас на интернет со желба да ги врати парите на оној кој ги изгубил, бидејќи тоа било правилен гест. Доколку никој не се јави, или се јават само лажни сопственици актовката ќе заврши во полиција.
Наоѓачот размислувал да ги задржи парите, но заклучил дека тоа не е во ред. Во огласот напишал дека неговата девојка не воодушевена со одлуката да ги врати парите. Доколку некој може да ја наведе бојата на актовката, останатите предмети кои се во неа, како и номинацијата на банкнотите ќе може да ги преземе парите. Во спротивно, за три години, парите ќе станат негова сопственост.