12-годишниот Престон Мекдонат прво ја забележало огромната мечка како спие на терасата во нивниот дом. Таа ја скршила дрвената врата која води до неа, а откако не пронашла начин да стигне до храната одлучила дека сенката е добро место да поспие неколку часа.
Експертите велат дека големото ширење на урбаните области им го загрозува домот на овие животни, па поради неможноста да пронајдат храна се принудени да ја напуштат шумата.
Средбата со гладна мечка е секогаш опасна, но за среќа во овој инцидент таа не успеала да влезе во куќата каде се наоѓале три мали деца.