француските палеонтолози ја откриле во областа Јура досега најдолгата серија отпечатоци на диносаурус, пренеле француските медиуми. Групата палеонтолози на чело со Жан-Мишел Мазен, на локалитетот Јура во селото Плањ, ја откриле најдолгата серија отпечатоци која припаѓа на исти диносаурус во должина од 150 метри.
Досегашниот рекорд изнесувал 147,5 метри и бил пронајден во Португалија. Мазен објаснил дека ова било важно откритие бидејќи сега можеле подобро да го сватат начинот на движење на овие животни тешки 40 до 50 тона. На овој локалитет група геолози во 2009 година веќе откриле голем број отпечатоци на диносауруси, што значи дека станува збор за некогаш омилено место за движење на овие џиновски суштества.