Черепот кој бил пронајден на данскиот остров Силанд во 2007 година не поттикнал расправи се до 2010 година кога забележале дека структурата на коските на му припаѓа ниту на човек ниту на некое познато животно. Најпрвин сметале дека станува збор за глава на коњ, бидејќи куќата пред која го ископале му припаѓала на еден месар. После некое време забележале дека черепот повеќе личи како да му припаѓал на човек, но сето тоа го игнорирале бидејќи не пронашле ниту еден друг дел од тоа суштество освен черепот.


Подоцна во Копенхаген черепот бил детално испитуван и заклучиле дека суштеството на кое му припаѓал истиот живеело помеѓу 1200 и 1280 година. Веруваат дека черепот бил закопан околу 1900 година. Некои од теориите наведуваат дека черепот припаѓал на вонземјанин, а изворно потекнувал од Балканот. Освен на Балканот, пред да го пренесат во Данска се верува дека бил чуван во Франција и Германија. Поради големите очни дупки се верува дека суштеството било прилагодено за живот во мрак или на некоја планета која кружи околу далечни звезди.