Кога започнала да ја јаде плескавицата која во станот и ја припремил еден пријател, французинката Натали Дајо видела дека во неа се наоѓа тврд предмет и со ужас констатирала дека се работи за два сантиметри долг човечки заб. Таа за медиумите изјавила дека почуствувала нешто тврдо и го плукнала залакот, а потоа се запрепастила кога сватила дека станува збор за заб.


Нејзиниот пријател рекол дека месото го купил истиот ден во самопослугата Керфур и додал дека најверојатно ќе поднесе тужба. Како би докажал дека забот, кој имал метална пломба, не му припаѓа ниту него ниту на членовите на семејството, одлучил да се подложи на ДНК тест. Претставинкот за медиумите на Керфур соопштил дека се испитува од каде е месото и како во него стигнал забот.