Сју Калоун од Броунсбороу, Тексас, на првиот ден од новата година отишла со својот сопруг во Далас да купи трактор. Како и секогаш, купила неколку чоколада и сокови за да им се најдат по пат. Загризла едно од чоколадите и почувствувала нешто тврдо. Помислила дека се кикирики.
Но, кога погледнала се згрозила. Станувало збор за заб со сребрена пломба. Го повикала производителот на чоколадите Марс, од каде и рекле да им го испрати чоколадото и забот, но таа се плаши дека сакаат да и го украдат доказот. И понудиле бесплатни купони за чоколадо во знак на извинување. Но, таа вели дека засега ќе се држи подалеку од чоколадите.