Кога Талон Куртис враќајќи се од пошта здогледала ливче на кое била напишана сума од 357 959 долари помислила дека се работи за недобитен тикет од лотарија. Но кога погледнала малку подобро сфатила дека станува збор за потпишан и важечки чек, за кој чесно одлучила да го врати. Изјавила дека никогаш не видела толку голем чек, барем не во нејзина сопственост и дека скоро се онесвестила. Одлучила веднаш да го побара сопственикот, но бидејќи било сабота попладне банките не работеле.
Во понеделникот со помош на еден телевизиски водител ја пронашле потписничката на чекот која во банката стигнала со избезумен израз на лицето. Куртис рекла дека не и паднало на памет да го задржи чекот и дека ја одбила понудата на жената за парична награда. Таа изјавила дека само сака да покаже оти во светот сеуште постојат чесни луѓе.