Кога почнала да го спрема доручекот, англичанката Шарлот Метјус се шокирала кога открила 29 јајца со двојни жолчки. Кога ги отворила првите 13 јајца му рекла на сопругот да почне да снима, и од 30 јајца во кутијата 29 биле со двојни жолчки.
Интересно е тоа што Шарлот се занимава со печење колачи, па дополнителните жолчки и се добредојдени. Шансата во јајце да се најде двојна жолчка е еден спрема илјада, изјавиле упатените. Шарлот изјавила дека најверојатно со тие јајца ќе испече торта и се прашува дали јајцата ги снесла некоја супер кокошка.