Работничка во еден супермаркет во Германија се изненадила кога открила дури 28 кг. кокаин во сандаци во кои требало да има банани, соопштила германската полиција.
Дваесет и осумгодишната работничка кога го видела кокаинот веднаш повикала полиција, која со детален преглед пронашла 28 кг. дрога скриена под тенките слоеви на овошјето. Сандаците биле дел од пратка која е дистрибуирана во седум различни ланци на маркети на подрачјето на Баварска. Пратката стигнала од Колумбија, а поминала низ Белгија.
-Очигледно дилерите избрале погрешни кутии-изјавил портпаролот на баварската полиција, кој додава дека би сакал да ги види нивните лица во моментот кога ги отварале кутиите.