Возилото „голф“ со кое бил извршен вооружениот напад врз полициските алфи, во кој еден припадник на посебната единица е убиен, а  двајца се ранети, од кои еден е во критична состојба, ноќеска било пронајдено со скопското село Кучевиште, соопшти МВР.

Во полициската акција за расчистување на случајот приведени се триесетина лица. Продолжува и засилената контрола на граничните премини, а се анализираат и снимките од безбедносните камери во близина на Природно-математичкиот факултет каде се случи инцидентот.

Во вооружениот напад врз алфите, триесет и деветгодишниот Африм Арифи,  беше убиен, а двајца негови колеги се повредени кога засега непознати лица од возило „голф“ пукаа од огнено оружје врз нив кај Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Ohridnews