Сега починатиот Ријат, заедно со неговиот татко, двајцата непливачи, вчера околу 18 часот, изнајмиле педалинка и се одалечиле надвор од безбедносната езерска зона односно на околу 200 метри од брегот. Со намера да се искапи, Ријат скокнал од педалинката а одкако не испливал на површината, неговиот татко повикал помош од присутните капачи.
Набрзо, во потрагата по давеникот се вклучија нуркачките единици на Граничната Полиција, на Црвениот крст од Охрид, Нуркачкиот клуб „Амфора„ како и неколку нуркачи аматери.
На местото на настанот, увид извршија Дежурен Истражен Судија и Основен Јавен Обвинител при Основниот Суд во Струга како и Полициски екипи од Полициската станица од Струга.
Телото на давеникот, на кое, по извршен преглед од Доктор од Струшкиот Медицински Центар, не се констатирани траги на насилство, е предадено на семејството, соопшти СВР Охрид.