Три шишиња виски кои наводно на Антарктикот ги оставил истражувачот Ернест Шаклетон во 1908 година, ќе патуваат во Шкотска на анализа. Ќе ги анализираат експерти во дестиланата “Whyte & Mackay”. Вискито Мекинлеј било пронајдено минатата година во морето крај Антарктикот на температура од минус 30 степени целзиусови.


Пијалокот и на ниската температура бил во течна агрегатна состојба, што ги заинтригирало научниците. Претпоставуваат дека е произведено помеѓу 1896 и 1897 година и дека во океанот завршило во 1908 година за време на пропаднатиот обид на британскиот истражувач Шаклетон да дојде до Јужниот пол. Се верува дека пронајденото виски е најстаро на светот.