Порше 911 турбо, чие исчезнување било пријавено пред 23 години во Лас Вегас, било пронајдено на брод со шверцувани предмети кои требало од САД да отпатуваат за Холандија. Иако автомобилот бил во одлична состојба, од него бил изваден моторот, кој полицијата сеуште не успеала да го лоцира.
Моделот од 1976 година, според проценката на осигурителната компанија, моментално вредел 28 илјади долари, а најсреќен човек ќе биде неговиот сопственик, кој одамна изгубил надеж дека некогаш повторно ќе го види својот миленик на четири тркала.