Вчера (16.12) околу 12 часот, а по претходна анонимна пријава на граѓанин, во месноста викана Умниште во атарот на селото Ташмаруниште, струшко, припадниците на ОВР Струга пронајдоа две најлонски кеси во кои имало поголемо количество оружје.
Пронајдени биле околу 1600 куршуми со калибар 7,9 мм; 20 куршуми со калибар 7,62 мм; 25 куршуми со тефлонско зрно со калибар 7,9 мм; 500 куршуми маневарска муниција; 2 куршуми за рачен фрлач; 4 куршуми за пушка со тромблон; 3 парчиња тротил по 200 грама; 125 детонаторски каписли за експлозив; околу 100 метри фитил спорогоречки и 6 топовски удари и 4 гасни бомби.
пронајденото оружје во струшко
Направен е увид на местото на пронаоѓање на муницијата, а полицијата работи на расчистување на случајот.
ohridnews