Супербактериите отпорни на антибиотици се голема закана за целото човештво, а канадските експерти тврдат дека пронашле соединение кое ефикасно ги убива. Аспергиломаразмин А (АМА) е изолиран од габата Aspergillus versicolor, присутна во примероците на почва и мувла со потекло од националниот парк во источна Канада.
Утврдено е дека АМА може речиси моментално да го деактивира клучниот NDM-1 ген во повеќе видови бактерии кои станале отпорни на делување на антибиотиците.
NDM-1 го контролира производството на ензими одговорни за резистенција на антибиотици, а за чија функција е потребен цинк. АМА делува така што го отстранува цинкот и овозможува нормално делување на антибиотиците.
Отпорноста на бактериите на антибиотици станува се поголем проблем и Светската здравствена организација (WHO) го прогласила за глобална закана за здравјето.
Научното списание Nature пишува дека ќе поминат можеби и 10 години пред новите наоди да ја добијат својата потврда во клинички испитувања.
извор:metro-portal.hr