На 08.08.2009 година во 17.00 часот на регионалниот пат Струга-Охрид, од страна на полициски службеници од ПС-Струга извршен е преглед на ПМВ„Застава 101“ со охридски регистерски таблички управувано од А.С. (29) од с.Франгово-струшко,  при што се пронајдени  една автоматска пушка , две  рамки со 700 куршуми кал. 7,62мм, еден  пиштол „Екол“ и  26 куршуми  за истиот. Во врска со тоа од страна на СВР Охрид  против А.С.  ќе биде поднесена соодветна  кривична пријава.


На 09.08.2009 година во 05,00 часот на аеродромот Св.„Апостол Павле“ во Охрид,  при преглед на патници  кај М.Р. (46) од Струга пронајден е пиштол „Чешка зброевка“ и 55 куршуми за истиот,  за кој  не поседува  дозвола. Во врска со тоа,   од страна на СВР Охрид против истата ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Оhridnews
извор: МВР