Истражувачите на остатоците на еден брод, нуркајќи пронашле шишиња со најстарото шампањско на светот. Сандаците биле извадено од длабочина од 55 метри, во близина на островите Аланда, помеѓу Шведска и Финска. Експертите веруваат дека се работи за шампањско кое потекнува од осумнаесеттиот век.
Неговата цена би можела да изнесува околу 50 илјади евра. Нуркачот Кристиан Екстром изјавил дека бродот најверојатно пловел кон Санкт Петерсбург. Енолозите кои го пробале виното го опишале како совршено. Лежело во темнина на ниски температури околу 200 години. Досега најстарото шампањско датирало од 1825 година.