На ден 20.05.2008 година во 16 часот и 45 минути во СВР Охрид добиено е телефонско известување за пронајден леш  од непознато лице во куќа сопственост на жител на  Охрид.
 Тим од полициски службеници на СВР Охрид, дежурен истражен судија и Јавен обвинител при Основниот суд во Охрид, направиле криминалистички увид на лице место. Преземени се мерки за утврдување на идентитетот на лицето при што констатирано  е дека се работи за лицето Тарик У. роден 1984 година во Велес кој привремено престојувал во Охрид кај кого не се забележни траги на насилство.
 По наредба на Истражен судија телото  е пренесено во Општата болница во Охрид каде ќе биде извршена обдукција.

ohridnews
Извор: СВР Охрид