Во базенот кој се наоѓа во склоп на куќата на популарната актерка Деми Мур во Лос Анџелес пронајдено е тело на 21-годишно момче. Полицијата, како што пренесуваат електронските медиуми, пренела дека причина за смртта е давење, а човекот починал во саботата ноќта.

 

Наводно ноќта помеѓу саботата и неделата во куќата на Деми Мур имало забава. Актерката во тоа време се наоѓала надвор од градот. Телото било пронајдено во раните утрински часови, а соседите, како што пренесуваат медиумите, навеле дека ќерките на Деми имале забави по цел ден и цела ноќ.