Младо на лав, тешко 50 килограми, било пронајдено на улица во центарот на Москва. Животното било во дрвен кафез оставен во дворот на една зграда во срцето на руската престолнина.


Лавчето го пронашол еден од станарите на зградата, кој веднаш ја известил полицијата. Портпаролот на полицијата изјавил дека младото и е доверено на Московската зоолошка градина, и дека се работи на пронаоѓање на сопствениците на лавчето.