Одгледувачот на овошје Кен Мориш останал вчудоневиден кога на едно од стеблата во Девон, Англија, пронашол јаболко кое има една зелена една црвена половина. Најверојатно станува збор за случајна генетска мутација, а шансите да се пронајде ваков плод се еден спрема милион.


Мориш, пензиониран сликар и декоратер, одгледува јаболка цели 45 години, но никогаш не видел сличен случај. Експертите велат дека црвената боја обично е послатка бидејќи е изложена на сонце. Тие додале дека мутацијата е најверојатно моментална, но и дека наредната година треба да се провери дали ќе се појави повторно.