Кај израелското пристаниште Цезареа нуркачи откриле речиси 2000 златници кои на дното на морето лежеле околу 1000 години. Станува збор за најголем број златницо пронајдени во Израел, а ова археолошко откритие би можело да доведе до уште некои слични. Коби Шарвит, директор на поморскиот археолошки музеј, вели дека златниците најверојатно се наоѓале на брод кој потонал. Се претпоставува дека станува збор за брод полн со златници кои биле наменети за централната власт во Египет како собран данок.
Понудени се уште неколку теории за можното потекло на златото. Една е дека тие биле плата за војниците во Цезареа или пак се наоѓале на трговски брод кој пловел по Средоземјето. Златниците се прилично добро сочувани, а најстариот, четврт динара искован на Сицилија, датира од втората половина на 9 век. Повеќето од златниците припаѓаат на царството на шиитските муслимани, Фатмид Калифат, кое владеело со северна Африка и Блискиот исток во преодниот период кон првото илјадалетие.