Безживотно тело на маж на возраст од 45 години, утрово е пронајдено во автомобил во авто кампот „Андон Дуков“, информираат од СВР Охрид. Го забележал случаен минувач кој веднаш ја известил полицијата.
Според првичните информации од истрагата, во автомобилот била пронајдена една чаура од куршум. На телото немало траги на насилство, што наведува на самоубиство.
На местото на настанот извршен е увид во присуство на јавен обвинител, кој наредил обдукција врз телото.
OhridNews