Пронајдените остатоци во Атлантскиот Океан не се од исчезнатиот авион на „Ер Франс“, соопштија официјални лица од истрагата.

Бразилски воени сили вчера пронашле остаток од багажник за кој се тврдеше дека е од Ербасот на „Ер Франс“, меѓутоа таков немало на исчезнатиот авион. Исто така и другите делови пронајдени на местото на кое се претпоставува дека се урна леталото не биле од францускиот авион.

Директорот на одделот за контрола на воздухопловното пространство на Бразил, генерал Рамон Кардосо, објасни дека пронајдената дамка од гориво на океанската површина била од машинско масло, а не од керозин и било од брод, а не од авион.

Последните сознанија уште повеќе ја зголмуваат мистеријата околу исчезнувањето на Ербасот А 330 кој со 228 патници и членови на екипажот исчезна над`Атлантскиот Океан на пат од Рио де Женеиро кон Париз. Француските власти вчера објавија дека нема надеж дека некој ја преживеал катастрофата која засега не се знае што ја предизвикало.

Ohridnews